
Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители на 23 јули 2025 година, во просториите на Академијата ја одржа 16-та седница на која:
- Едногласно беше усвоен Записникот од 15-та седница на ПС одржана на 16 јуни 2025 година;
- Беа разгледани специјализраните програми за новизбраните судии во основните судови и јавните обвинители во основните јавни обвинителства, за кои, Академијата спроведува задолжителна обука. Во поглед на нивната содржина дел од членовите дадоа свои предлози за нивно надополнување. Предлозите беа прифатени, а програмите беа едногласно утврдени од страна сите членови.
- Членовите на ПС согласно нивната законски, утврдена надлежност извршија оцена и евалуација на 131 предавач, кои Академијата ги ангажирала за потребите на реализацијата на програмата за континуирана едукација во периодот јануари- јуни 2025 година. По извршената евалуација, Програмскиот совет даде препорака за воспоставување на нови критериуми за понатамошното оценување на предвачите на Академијата. Програмскиот совет, исто така, предложи и конкретни чекори за унапредување на процесот на евалуација, кои, дополнително ќе бидат разгледани на наредните седници на ПС.