Известување од одржана конститутивна 226-та седница на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев

logo_asjo_news_mk

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 30.12.2024 година ја продолжи започнатата конститутивната 226-та седница. На истата беше утврден четиригодишниот мандат на новоконституираниот Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители во следниот состав:

  1. Претседател на Врховен суд на РСМ, судија Беса Адеми, член на Управен одбор,
  • м-р Сафет Кадрии, судија на Врховен суд на РСМ, заменик член на Управен одбор, назначени од Општата седница на Врховниот суд на РСМ.
  1. Јавен обвинител Златко Биковски, јавен обвинител во Јавно обвинителство на РСМ, член на Управен одбор,
  • Јавен обвинител Цветанка Богоевска, Основен Јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Велес, заменик член на Управен одбор, назначени од Јавно обвинителство на РСМ,
  1. Судија м-р Антоанета Димовска, член на Судски совет на РСМ, член на Управен одбор,
  • Судија Емељ Кранли Али – судија на Основен суд Ресен заменик член на Управен одбор, назначени од Судскиот совет на РСМ.
  1. Судија Али Алиу, судија на Апелационен суд Гостивар, член на Управен одбор,
  • Судија Анита Јорданова, судија на Апелационен суд Штип, заменик член на Управен одбор, назначени од Судски совет на РСМ.
  1. Претседател на Совет на јавни обвинители, јавен обвинител Душица Димитриеска, член на Управен одбор,
  • Јавен обвинител Татјана Кацарова, јавен обвинител на Основно јавно обвинителство Штип, заменик член на Управен одбор, назначени од Совет на јавни обвинители на РСМ.
  1. Јавен обвинител Башким Бесими, член на Совет на јавни обвинители на РСМ, член на Управен одбор,
  • Јавен обвинител Енѓелуше Кадриу Леши, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција Скопје, заменик член на Управен одбор, назначени од Совет на јавни обвинители на РСМ.
  1. Јавен обвинител Спасенка Андонова, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, член на Управен одбор,
  • Јавен обвинител Деса Пауновска, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Гостивар, заменик член на Управен одбор, назначени од Здружение на јавни обвинители на РСМ.
  1. Претседател на Основен граѓански суд Скопје, судија Бесник Авдија, член на Управен одбор,
  • Судија Дитурије Елези Незири, судија на Управен суд на РСМ, заменик член на Управен одбор, назначени од Здружение на судии на РСМ.
  1. Радица Лазареска Геровска, кабинетски службеник за правна поддршка на министерот за правда на РСМ, член на Управен одбор,
  • Анета Тошевска, раководител на Одделение за постапување по претставки и поплаки по работата на правосудните органи, заменик член на Управен одбор, назначени од Министерот за правда на РСМ.

За претседател на Управниот одбор е избран судија Бесник Авдија, претседател на Основен граѓански суд Скопје, член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.

За заменик – претседател Управниот одбор е избран јавен обвинител Спасенка Андонова, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Скопје, член на Управен одбор.

Мандатот на претседателот и на заменик претседателот на Управниот одбор трае две години, со можност за уште еден избор.

По завршување на конститутивната седница, а заради навремено исполнување на законски утврдените надлежности и обврски на Академијата, беше закажана нова итна 227-ма седница на новиот состав на Управниот одбор на Академијата, со следниот предлог дневен ред:

  1. Донесување на Деловник за работа на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Утврдување на општа програма за контиунуирана обука за судии и јавни обвинители и специјализирана програма за доброволна континуирана обука 2025/2026.
  3. Утврдување на специјализирана програма за обука на судии поротници.
  4. Утврдување на каталогот за обуки за 2025 година.
  5. Донесување на одлука за објавување на оглас за избор на заменик на директор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  6. Запознавање со временска динамика за текот на Завршниот испит за 8-та генерација на слушатели.