Известување за одржување 236-та седница на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители

logo_asjo_

Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на ден 16.07.2025 година (среда), ќе одржи 236-та седница, со следниот предлог дневен ред:

 

  1. Усвојување на Записник од 235-та седница на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
  2. Разгледување на допис за назначување на заменик член во Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители, по доставена номинација од Здружение на судии на РСМ од 01.07.2025 година.
  3. Запознавање со донесени Правилници за измена и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места на Академијата за судии и јавни обвинители број 04-106/1 од 20.02.2025 година и број 04-106/5 од 02.06.2025 година.
  4. Извештај за реализација на Годишниот план за јавни набавки за 2025 година.
  5. Подготовка на предлог текст на Статут на Академијата за судии и јавни обвинители.
  6. Разно.