ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖАНА ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА ПРОГРАМСКИОТ СОВЕТ НА АКАДЕМИЈАТА

logo_asjo

Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители на 27 март 2026 година, со почеток во 09:30 часот, со физичко присуство, ја одржа дваесет и четвртата седница на која:

  1. Беше усвоен Записникот од дваесет и втората седница на Програмски совет одржана на 02.02.2026 година;
  2. Беше усвоен Записникот од дваесет и третата седница на Програмски совет одржана на 13.02.2026 година;
  3. Беа разгледани и прифатени дополнителните забелешки по однос на Програма за приемен испит во почетна обука на Академијата;
  4. Беа разгледани пријави на предавачи како дополнување на постојната листа на Академијата за период февруари-март 2026 година;
  5. Координација и утврдување на активности во поглед на подготовка за спроведување на приемен испит во почетната обука на Академијата;
  6. Под точка разно беа презентирани предлог електронските верзии на образецот за ажуирање на предавачите на Академијата, како и предлог прашалникот за оцена на обуките во Академијата, кој исто така ќе биде во електронска форма и ќе овозможи брзо, ефикасно и едноставно пополнување на истиот од страна на учесниците на обуките на Академијата.