Програмскиот совет на Академијата за судии и јавни обвинители на 02 февруари 2026
година, со почеток во 13:00 часот ја одржа 22-та седница на Програмскиот совет, со физичко присуство, на која беше:
- Одлучено Записник од дваесет и првата седница на Програмски совет одржана на 15.01.2026 година, поради забелешки за технички корекции, да биде усвоен на следната седница;
- Разгледан и прецизиран концептот на предлог програма за приемен испит;
- Разгледан предлог прашалник за оценување на обуките организирани од страна на Академијата и беше одлучено истито да биде дополнет од страна на експерт кој ќе биде ангажирана од страна на Проектот на ЕУ „Владеење на правото“;
- Разгледани и беше дадено мислење по однос на пријави на предавачи кои пристигнаат во Академијата во периодот декември 2025-јануари 2026 година, а претставуваат дополнување на постојната листа на Академијата.

