Зајакнување на судството и јавното обвинителство преку транспарентна комуникација

DSC_0768

Во април 2026 година, Проектот на ЕУ за поддршка на владеењето на правото, во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители, спроведе три специјализирани обуки за практични вештини за транспарентна и проактивна комуникација со јавноста.

Обуките беа наменети за претседатели на судови, судии, јавни обвинители, портпароли на судството и членови на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.

Во фокусот на обуките беше поддршката за спроведувањето на судските и обвинителските комуникациски стратегии, кои имаат за цел да воспостават унифицирана комуникациска политика, да ја подобрат транспарентноста и да ги унапредат професионалните односите со јавноста во рамките на правосудниот систем.

За да се изградат подобри односи меѓу правосудниот систем и медиумите, настаните опфатија теми како што се важноста на транспарентноста, разбирањето на новинарските практики и вештината за преведување на сложената правна терминологија во јасни пораки што пошироката јавност лесно може да ги разбере. Понатаму, учесниците учествуваа во целни модули фокусирани на навигација низ медиумските реалности, воспоставување упатства за тоа кои информации можат, а кои не можат законски да се објават и управување со чувствителни, високопрофилирани случаи.

Практичните вежби вклучуваа симулации на комуникација во кризни ситуации, давање изјави пред камера под притисок и стратегии за подобрување на соработката меѓу правосудните институции и медиумите. Обуката исто така опфати и начини за ефективна внатрешна комуникација во институциите, нудејќи им на лидерите практичнипристапи за соопштување на тешки вести и справување со внатрешни несогласувања

Модулите за обука беа развиени и заеднички спроведени од тим од меѓународни и локални експерти, обезбедувајќи интеграција на европските стандарди со специфичните законски рамки и практичните реалности на македонскиот медиумски пејзаж.

Зајакнувањето на капацитетите на правосудните институции да фунционира на транспарентен и одговорен начин е една од главните цели на Проектот. Со опремување на судските и обвинителските лидери и портпароли со модерни, проактивни алатки за комуникација, оваа иницијатива игра важна улога во подобрувањето и одржувањето на јавната доверба, помагајќи во градењето на поотворена и поотпорна правна заедница.