Заокружени специјализираните обуки за кривично и граѓанско право со кои беа опфатени новоизбраните судии и јавни обвинители од 8та генерација на Академијата

DSC_0019

Новоизбраните судии и јавни обвинители кои се од редовите на осмата генерација завршени кандидати на Академијата, во период од пет дена (15.09.19.09.2025г.) имаа можност да разменат мислења со истакнати судии и јавни обвинители од сите инстанци во рамки на обуките кои ги реализираше Академијата за судии и јавни обвинители, а кои беа организирани по области, т.е. кривична и граѓанска област.

Низа  правни прашање и дилеми, низ активна дискусија добија позитивни решенија за надминување на истите.

Академијата ги организираше овие обуки со цел да им помогне на новоизбраните судии и јавни обвинители во основните судови и основните јавни обвинителства, успешно да се справат со секојдневните професионални предизвици