
На 28 март 2025 година, во Скопје, се одржа конференција под наслов: „Унапредување на на правното образование во Северна Македонија-Интегрирање на практичните правни вештини и етички вредности на правничките професии во наставните програми на правните факултети“, организирана од Македонското здружение на млади правници (МЗМП), со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија. Настанот се одржа во професионална и инспиративна атмосфер, каде што се собраа претставници од академската и стручната правна заедница, судството, обвинителството, адвокатурата, студентите и граѓанскиот сектор.
Конференцијата се фокусираше на важноста од воведување практични правни вештни и и етички вредности во наставните програми на правните факултети, со цел подготовка на компетентни и интегритетни правници.
Судија, м-р Илир Исени, како заменик на директорот на Академијата, со обрати до пристуните со свое воведно обраќање, а потоа одговараше на прашањата поставени од учесниците поврзани со нејзината дејност, а со цел студентите од правните факултети низ државата се запознаат се условите за влез во почетната обука на Академијата, со активностите кои се превземаат од Академијата во делот на континуираната обука, како и за соработката со странските амбасади и со домашни и меѓународни организации.
Повеќе за конференцијата прочитајте на линкот на МЗМП: https://myla.org.mk/51261/