Заложби на релевантните власти во Северна Македонија за унапредување на слободата на изразување и на медиумите со поддршка од ЕУ и Советот на Европа

20230504_114058

Унапредувањето на слободата на изразување и слободата на медиумите продолжува да биде клучен приоритет за релевантните тела во Северна Македонија и за ЕУ и Советот на Европа кои ги поддржуваат локалните корисници во нивните напори за промовирање на слободата на изразувањето во согласност со европските стандарди. Ова се заклучоците од првиот состанок на Управниот одбор на заедничкиот проект на ЕУ и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС) организиран во Скопје.

На состанокот учество земаа клучните корисници, партнери и чинители од секторот со цел да разговараат за идните цели во текот на третата фаза на Хоризонталниот инструмент, заедничка програма на ЕУ и Советот на Европа. По деталната презентација на четиригодишниот план за работа, членовите на Управниот одбор заклучија дека има заедничка посветеност и заедничко разбирање на поставените цели на проектот и планот за остварување на истите.

ПРО-ФРЕКС проектот во Северна Македонија се заснова на резултатите од претходните два заеднички проекти на ЕУ/Совет на Европа во делот на слободата на изразување и медиумите. Проектот е предвиден како продолжение и дополнително развивање на добро воспоставените пракси и начини на соработка со корисниците. Сите претставници/чки ја истакнаа важноста на оваа соработка со цел остварување на европските стандарди и подобрување на правната рамка во делот на слободата на изразување, вклучително и пристапот до информации, и безбедноста на новинар(к)ите, како и примената на стандардите во судството.

Активностите во рамките на ПРО-ФРЕКС се фокусираат на независните локални власти во делот на аудиовизуелните медиумите, заштитата на личните податоци и слободниот пристап до информации, кои исто така ќе добијат поддршка за имплементација на измени во нивните политики и пракси во согласност со европските стандарди. Дополнително, медиумите и релевантните чинители се важни актери кои ќе бидат поддржани во процесот на овозможување побезбедно опкружување за слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија.

Проектот „Заштита на слободата на изразување и слободата на медиумите во Северна Македонија“ е дел од заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2023-2026“.