На 03 ноември 2026 година, во просториите на Академијата, се одржа обука на тема „Доказно рочиште, краткотраен притвор и примена на ПИМ со посебен акцент на анонимизација на наредбите“, наменета за судии од кривичните оддели и јавни обвинители.
Обуката ја спроведоа Татјана Дуковска, судија во Врховниот суд на Република Северна Македонија, и Катерина Коларевиќ, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Во рамки на обуката беа обработени следните теми: „Доказно рочиште и краткотраен притвор“, презентирана од страна на судијата Татјана Дуковска, како и „Посебни истражни мерки (ПИМ), со посебен акцент на анонимизација на наредбите и практичните ситуации“, презентирана од јавниот обвинител Катерина Коларевиќ.
Од спроведената обука се очекува унапредување на знаењата и практичните вештини на учесниците во примената на законските одредби поврзани со доказното рочиште, краткотрајниот притвор и посебните истражни мерки, со особен фокус на правилната примена на анонимизацијата на наредбите. Преку размена на искуства и дискусија за практични ситуации, се очекува придонес кон поефикасно и доследно постапување во кривичната постапка.

