Академијата реализираше обука на тема: „Примена на судскиот деловник

DSC_0498

Академијата за судии и јавни обвинители, денес (10 февруари 2026 година) реализираше обука на тема: „Примена на судскиот деловник“, на која учествуваа судски службеници од сите судови во Република Северна Македонија.

Обуката ја спроведоа: Зоран Јосифовски, судија во Основен суд Кавадарци и м-р Силвана Дејаноска, судски администратор во Основен суд Битола.

Во рамки на обуката беа опфатени прашања поврзани со судската управа и организација, комуникација со странките и јавноста, постапувањето со писмената упатени до судот, автоматската распределба на предметите, формата и видовите на судските акти, изработката на изворници и преписи, користењето на стандардизирани обрасци, како ракување со печати, штембили, уписници и регистри. Посебeн акцент беше ставен и на примената на АКМИС, наплатата на судските такси и казни, водењето на кривичната и прекршочната евиденција, легализацијата на јавни исправи со апостил печат и архивирањето на судските предмети.

Целта на обуката беше со вработени во судската служба да се споделат искуства и добри практики од примената на судскиот деловинк во секојдневното работење, со што се придонесува кон подигнување на квалитетот, ефикасноста и интегритетот во работата на судските службеници, како клучни чинители за ефикасно функционирање на судовите во процесот на правораздавање. Обуката овозможи и запознавање и потсетување на одредбите со кои се уредува целокупното управување со судските предмети, од нивниот прием и заваедување, па се до нивното архивирање.