Академијата реализираше обука за „Судир на интереси, антикорупциски мерки и етика во судската и јавнообвинителската служба“

DSC_0932

Академијата за судии и јавни обвинители на 18 мај 2026 година успешно реализираше обука на тема: Судир на интереси, антикорупциски мерки и етика во судската и јавнообвинителската служба“.

Обуката беше наменета за стручни судски и јавнообвинителски службеници, а истата ја спроведоа: Софија Спасова Медарска, член/заменик претседател на Државна комисија за спречување на корупција и проф. д-р Ѓорѓи Сламков, професор на Факултет за правни науки при Универзитетот  „Гоце Делчев“ во Штип.

Обуката беше насочена кон јакнење на интегритетот, професионална етика, транспарентност и одговорноста во правосудниот систем. Преку анализа на домашни законски решенија, меѓународни стандарди и практични примери, учесниците се запознаа со механизмите за препознавање, спречување и управување со ризиците од корупција, судир на интереси и неетичко постапување во рамки на нивното работење. Во рамки на обуката посебено беа обработени прашањата поврзани со спречување на судир на интереси, заштитено пријавување и заштита на укажувачи, подароци, погодности и гостопримства, како и примената на етичките принципи и стандарди во судската и јавнообвинителската служба.

Целта на обуката беше да се зајакнат капацитетите на стручните судски и јавнообвинителски службеници за доследна примена на антикорупциските механизми и етичките стандарди во секојдневното работење, преку развивање на практични вештини за навремено идентификување и соодветно постапување во ситуации на судир на интереси и други ризици што можат да влијаат врз интегритетот и довербата во правосудниот систем.