Академијата за судии и јавни обвинители, Центарот за обуки при Министерството за внатрешни работи и ЈУ Завод за социјални дејности-Скопје потпишаа меморандум за соработка

1750252630883

Во насока на воспоставување и формализирање на меѓуинституционалната соработка на полето на зајакнување на човечките ресурси и институционалните капацитети во промовирање на принципите на правдата за деца, заштита на правата на деца и нивниот најдобар интерес, на 18 јуни 2025 година првите луѓе на: Академијата за судии и јавни обвинители, Ирина Трајкоска Стрезоски, Центарот за обука при Министерството за внатрешни работи, Влатко Митковски и ЈУ Завод за социјални дејности Скопје, Стојан Станиславски потпишаа меморандум за соработка.

Соработката помеѓу овие институции ќе се реализира низ неколку заеднички активности како што се: развој на системот за учење и професионален развој; развој на компетенции на професионалци-учесниците во системот; и истражување, анализа и создавање на едукативен материјал.

Со предвидените активности ќе бидат опфатени службени лица, вработени во судството, внатрешни работи и државниот систем на социјална заштита, а по потреба и со одлука на три-латерален механизам, со овие активности ќе можат да бида опфатени и други релевантни институции со кои институциите-потписнички на овој договор имаат соработка.