Академијата за судии и јавни обвинители организираше еднодневна специјализирана обука за јавни обвинители и шефови на јавни обвинителства на тема “Односи со јавност – подготовка за јавен настап”.

DSC_0938

Академијата за судии и јавни обвинители организираше еднодневна специјализирана обука за јавни обвинители и шефови на јавни обвинителства на тема “Односи со јавност – подготовка за јавен настап”.

Обуката, која ја посетија 20-тина учесници, имаше за цел да ги подготви јавните обвинители за ефикасно и етичко комуницирање преку медиумите.

Фокусот на обуката беше ставен на ефикасноста на јавното говорење и давањето изјави пред камера, но и на важноста на транспарентноста за јакнење на институционалната доверба и на промоција на проактивен пристап во комуникацијата со медиумите.

Предавачи на обуката беа Билјана Арсовска, раководител на Одделението за односи со јавноста во Јавното обвинителство и Васко Попетревски, новинар и уредник на ТВ магазинот “360 степени”.