Академијата за судии и јавни обвинители, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација организираа работилница на тема „Соработка во судски постапки за антидискриминација“

logo_asjo

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација организира работилница на тема „Соработка во судски постапки за антидискриминација“, која се оддржа на 1 јуни 2026 година“, во просториите на Академијата, со почеток во 10:00 часот.

Работилницата беше наменета за судии и стручни соработници од граѓанските оддели, како и за судии и стручни соработници од Управниот и Вишиот управен суд.

Своите експертски искуства со присутните ги споделија: Зекир Абдулов, член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и д-р Жената Попоска, национален офицер за владеење на право,  Мисија на ОБСЕ во Скопје.

Со воведно обраќање работилницата ја отвори Душан Томшиќ, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Целта на работилницата беше да се унапреди разбирањето на улогата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во судските постапки за заштита од дискриминацијата, како и да се зајакне институционалната соработка помеѓу Комисијата, граѓанските и управните судови во државата. Преку размена на искуства и практични согледување, учесниците имаа можност да ги продлабочат совите знаења за примена на антидискриминациското законодавство, за постапувањето во предмети од оваа област и за механизмите за ефективна заштита на правото на еднаков третман и недискриминација.

Реализација на оваа работилница преставува уште една повтрда за успешната соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Трите институции и понатаму остануваат посветени  на заедничките напори за јакнење на капацитетите на правосудиниот систем, унапредување на меѓуинституционалната соработка и обезбедување ефикасна и доследна заштита од сите форми на дискриминација во насока на градење поинклузивно, правично и еднакво општество за сите граѓани.