Академијата за судии и јавни обвинители организираше обука за судската постапка согласно Законот за правда на децата

DSC_0609

Согласно каталогот за обуки за 2026 година наменети за континуирана едукација на судиите и јавните обвинители, Академијата за судии и јавни обвинител, денес (05 март 2026 година), во просториите на Академијата, организираше обука за судската постапка согласно Законот за правда на децата.

Обуката беше наменета за судии од кривични оддели и јавни обвинители  од сите апелациони подрачја, а истата ја спроведоа: Наташа Сарамандова, јавен обвинител во Вишо јавно обвинителство Скопје и м-р Лирие Елези Ајрулау, судија во Апелационен суд Скопје.

Целта на обуката беше да се укаже на современите тенденции инкорпорирани во Законот за правда на децата, особено во делот на етиологијата и феноменологијата на детското престапништво и системот на правда за децата. Во таа насока, беше ставен акцент на ново воспоставеното начело на најдобар интерес на детето и на принципите на постапување кои произлегуваат од ова начело и претставуваат основа за постапување на надлежните институции. Во рамки на обуката беа разработени и практични аспекти и специфики што се појавуваат при постапување со деца, независно од нивното својство во постапката, со посебен осврт на потребата од засилена заштита на детето, спречување на секундарната виктимизација и унапредување на сензибилираноста на сите професионалци кои постапуваат во процеси што го засегаат детето.