Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема „Практична примена на новините предвидени во член 101 од ЗРО – забрана за отказ поради бременост, раѓање и родителство / судска пракса“, кое ќе се одржи на 22 октомври 2019 година (вторник), во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители, ламела 3, со почеток во 10:00 часот.
Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја и адвокати.
На советувањето излагања ќе имаат д-р Марко Андонов, редовен професор и декан на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и д-р Зоран Михајлоски, вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот Американ Колеџ Скопје.
На советувањето ќе бидат опфатени следните теми:
- Вовед, основи и причини за нормирање на работно-правниот институт – забрана за отказ поради бременост, раѓање и родителство
- Поединечна анализа на посебните ставови од член 101 од ЗРО – забрана за отказ поради бременост, раѓање и родителство
- Корелација помеѓу забраната за отказ поради бременост, раѓање и родителство со другите основи за отказ нормирани во ЗРО
- Аспекти од судската пракса поврзани со забраната за отказ поради бременост, раѓање и родителство
ПРОГРАМАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.
РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете тука: