СОВЕТУВАЊЕ на тема „Навреда и клевета во време на избори од страна на политички субјекти и утврдување на одговорност“

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ согласно Каталогот на обуки за 2022 година организира советување на тема „Навреда и клевета во време на избори од страна на политички субјекти и утврдување на одговорност“, кое ќе се одржи на 12 декември  (понеделник) 2022 година, со физичко присуство во просториите на Апелационен суд Скопје со почеток во 10:00 часот

Советувањето е наменето за судии од граѓански оддели и стручни соработници од сите апелациони подрачја.

Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Александар Шопов, судија на Основен суд Велес  и г-ѓа Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје.        

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академија задолжено за организација на следната е-маил адреса mamudije.ibraimi@jpacademy.gov.mk или да на тел. 02/2401-569.

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

Работни материјали:

1.Презентација 1

2.Презентација 2