Работнa средбa на директорот на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска со претставници на АИРЕ Центар и РАИ- Регионална анти-корупциска иницијатива

Денес (25.09.2019, среда) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Северна Македонијам, директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска, одржа работна средба со претставници на Аире Центарот од Лондон и Регионалната анти-корупциска иницијатива (РАИ) со седиште во Сараево, БиХ.

На средбата беа презентирани резултатите од досегашната соработката, но исто така беа разгледани и можностите за продолжување и интензивирање на воспоставената соработка.

Директорот на Академијата, професор д-р Габер Дамјановска изрази благодараност за заедничките проекти кои досега се остварени во чии рамки успешно се реализирани 14 летни школи.

Размената на искуства е една од најдобрите методи за директно решавање на секојдневните дилеми со кои се соочуваат правосудните системи во сите земји во Европа.

За таа цел, директорот на Академијата и претставниците на АИРЕ Центарот и РАИ заклучија дека преку заеднички настап со проширена соработка и работа на нови проекти позитивно ќе се зголеми влијанието за  унапредувањето на правосудството во Република Северна Македонија.

На средбата беше презентиран и прирачникот изготвен од РАИ и АИРЕ со наслов„Алатки и најдобри практики во меѓународната соработка за враќање на имот“ којшто обработува содржини и истражувања поврзани со замрзнување и заплена на имот, одземање и враќање на имот, конфискации  и т.н, а презентирани се и меѓународни и регионални механизми за враќање на имот.

Академијата доби повеќе примероци од овој прирачник на македонски и албански јазик и истите ќе ги достави до правните практичари кои постапуваат во предмети кои се однесуваат на темата која се обработува во прирачниците.

Прирачникот ќе биде издаден исто така и во електронска верзија и истиот ќе биде објавен на Веб страната на Академијата.