Работна средба нa дирeкторот нa Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска со делегација од Република Турција

На ден (09.10.2019, среда) во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, оствари работна средба со Заменик министер за правда на Република Трурција, г-н Шабан Јилмаз, Претседателот на Академијата за судии и јавни обвинители на Република Турција, г-н Мухиттин Оздемир и директорот на одделот за човекови права при Бирото за застапување на Република Турција, г-н Халит Хаки Барит.

На работниот состанок покрај директорот на Академијата, проф. д-р Габер Дамјановска присуствуваше и судијата на Уставениот суд на Република Северна Македонија , г-н Сали Мурати.

Во рамките на состанокот се дискутираше за успешната долгогодишна соработка помеѓу Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев на Република Северна Македонија и Академијата за судии и јавни обвинители на Република Турција, беа презентирани Програмите за почетна и континуирана обука, при што беа разгледани и можностите за заеднички и идни активности преку кои ќе продолжи да се негува традиционалната врска и да се јакне соработката помеѓу двете инситуции.