„Зајакнување на казнено поправниот систем и пробациската служба” (Demo)

Во рамките на Твининг проектот „Зајакнување на казнено поправниот систем и пробациската служба” при Управата за извршување на санкции, а во соработка со Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, беа  организирани вкупно четири еднодневни работилници, од кои три работилници на тема: „Алтернативни мерки и пробациски активности: предности, планирање и промовирање“ и една работилница на тема: „Електронски надзор: примена во пракса“.

Работилниците се одржаа на 21 јануари 2020 година во просториите на Основниот суд Гевгелија (за судии и јавни обвинители од Гевгелија, Струмица, Штип, Велес и Кавадарци)

 

23 јануари 2020 година во просториите на Основниот суд Прилеп (за судии и јавни обвинители од Прилеп, Битола, Охрид и Струга)

 

 

24 јануари 2020 година во просториите на Основниот суд Гостивар (за судии и јавни обвинители од Гостивар, Тетово и Кичево) и на

 

28 јануари 2020 година во просториите на Основниот кривичен суд Скопјес (за судии од Основен кривичен суд Скопје кои работат на извршување на санкции и јавни обвинители од Основно јавно обвинителство Скопје).

На работилниците земаа учество и претставници од сите релевантни институции со кои е неопходна соработка при спроведување на пробациските работи на локално ниво (пробациските службеници, претставници од Центри за социјална работа, локалната самоуправа, Министерство за внатрешни работи, Агенцијата за вработување, казнено-поправните установи, невладини организации, итн.).

На четирите работилници присуствуваа вкупно 149 учесници.

На работилниците свои излагања имаа г-н Штефан Тиер и г-ѓа Тина Јорлеман, експерти за пробација од Германија, кои објаснија како алтернативните санкции се применуваат во сојузните држави во кои тие работат и кои се придобивките за правосудниот систем од пробациската служба и взаемната соработка.

Целта на работилниците беа да се отвори дискусија за алтернативните санкции меѓу сите засегнати чинители, да се покрене свесноста за нив, да се дискутира нивната примена како и неопходната соработка и да се разјаснат улогите на локално ниво со цел подобро функционирање на системот на пробација.

Свои излагања имаа и пробациските службеници од локалните канцеларии задолжени за подрачјето на судовите со проширена надлежност, кои посочија дека досега се изречени веќе 180 алтернативни казни и службата активно постапува по тековните предмети, а голем број предмети веќе се успешно завршени. Беше нагласено дека поддршката од судиите и обвинителите е особено значајна за поголема примена на алтернативните мерки во кривично-правниот систем.