Виртуелна работна средба на претставници од Правосудните академии на Република Северна Македонија и Република Србија 13 јули 2020 година

Денес (13 јули 2020година) директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска,членовите на Управниот одбор на Академијата: д-р Лазар Нанев, претседател на Основен суд Кавадарци и проф. д-р Гордана Лажетиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје, како и претставници од Академијата одржаа виртуелен работен состанок со директорот на Правосудната академија на Република Србија, г. Ненад Вујич и претставници на Академијата на Србија.

На почетокот на состанокот први се обратија првите луѓе на двете институции, кои подвлекоа дека взaемната соработка е важна во изнаоѓање на заеднички решенија во насока на унапредување на работата на двете Академии. Размената на искуства е клучна во развојот на нови идеи со кои Академиите ќе одговорат на барањата на правосудните системи во две земји.

На состанокот од страна на претставниците на Србија беше презентиран детално Е-порталот на нивната Академијата кој нуди многу повеќе можности за разлика од новиот Е-портал на Академијата кој од неодамна целосно беше редизајниран со цел да понуди повеќе информации за правните професионалци од Северна Македонија.

Тоа што беше интересно е фактот дека Академијата на Србија скоро сите свои процеси ги има авотматиразирано, преку е-Јурис  базата на судска пракса на Европскиот суд за човекови права, на јазиците од регионот.

е-Јурис е јавно достапна алатка до која може да се пристапи од јавната и од локалната правосудна мрежа, без регистрирање во системот (поседување на корисничко име, или лозинка за пристап).

е-Јурис се состои од два дела:

  • eCase апликацијa, овозможува преглед на пресудите од Европскиот суд за човекови права кои се односуваат на Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска и одабрани пресуди кои се односуваат на други европски држави, на линкот https://e-case.eakademija.com/
  • Cross Reference апликации, за вкрстено поврзување на членовите на националното законодавство со членовите и стандардите на меѓународните инструменти за заштита на човековите права, кои подразбираат преглед на меѓусебни врски помеѓу одредбите на националните прописи на Србија и релевантните одредби на Европската конвенција за човекови права, како и преглед на врските помеѓу осум УН конвенции и домашната законодавна рамка во доменот на заштита на човековите права, на линкот https://cref.eakademija.com/

Истотака, Академијата е поврзана и со електронската база на Врховниот суд, кадешто пребарувањето е олеснето преку бројни филтри, а во моментов ПАРС преговара со Уставниот суд, со цел да ја користат и нивната база, односно да можат да ги објавуваат пресудите и на овој суд.

На е-порталот можат да се најдат и преку 600 пресудии поврзани со ЕКЧП и праксата на ЕСЧП, посебно оние кои се однесуваат на прекршувањата на член 10 и член 3. Покрај овие пресуди на порталот можат да се најдат и пресуди од Босна и Херцеговина, Црна Гора и Хрватска.