СОВЕТУВАЊЕ на тема „Расправа пред второстепен суд/Одлуки на второстепениот суд по жалба“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев организира советување на тема „Расправа пред второстепен суд/Одлуки на второстепениот суд по жалба“ што ќе се одржи на 5 декември 2019 година (четврток), во просториите на Академијата, со почеток во 10 часот.

 

Советувањето е наменето за судии и судски соработници од граѓанските оддели на Апелациониот суд Битола, Апелациониот суд Гостивар, Апелациониот суд Скопје и Апелациониот суд Штип и за адвокати.

 

Излагачи на советувањето ќе бидат судија Лидија Димчевска, претседател на Апелациониот суд Скопје и судија Лидија Мартинова,  од Апелациониот суд Скопје.

 

Целта на советувањето е низ дискусии и анализa, преку размена на искуства од подрачјата на различни апелациони судови, да се придонесе за воедначување на судската практика.

 

Програмата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.