СОВЕТУВАЊЕ на тема: „Одредбите од кривичниот законик за неказнување на жртви на трговија со луѓе и трговија со деца“ (Demo)

Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, организира советување на тема: „Одредбите од кривичниот законик за неказнување на жртви на трговија со луѓе и трговија со деца“ што ќе се одржи на 18 и 19 ноември  (понеделник и вторник) 2019 година, во Хотел „Гарденија“ –Велес.

 

Советувањето е наменето за судии кои работат на кривична материја, прекршоци и судии од второстепените судови, како и за јавни обвинители од основните и вишите обвинителства од сите апелациони подрачја.

 

Предавачи на советувањето ќе бидат академик Владо Камбовски, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, д-р Гордана Лажетиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, г-а Гордана Смаќоска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција и г-а Маја Конеска, јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

 

Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.