Европската мрежа за правосудна обука-ЕЈТН најави серија вебинери посветени на кривично право по принципот 1тема/1 експерт/1 час.
Тема: “Јавноста како основен принцип на кривичната постапка во контекст на дигиталната правда/ Publicity as a basic principle of the criminal procedure in the context of digital justice”
Говорници: Проф. д-р Ива Пушкарова, Универзитет Св. Климент Охридски, Софија, Бугарија
Датум: 7 Oктомври 2020, 13h-14h ( Brussels time)
Вебинерот се состои од краток вовед и 30 минути презентација, по што ќе следи сесија на прашања и одговори.
Презентацијата ќе покрие сензитивни практични прашања поврзани со конкуренцијата и усогласување на принципот на публицитет со други основни принципи и права, како што се заштита на личните податоци, права на здравје и безбедност, права на личен живот, заштита на деца, заштита на сведоци и жртви и т.н.
Голем број барања од директивите на ЕУ и судската пракса на ЕСЧП ќе бидат детално дискутирани во контекст на решенија за најдобри практики. Дополнително ќе бидат разгледани и други релевантни теми
За дополнителни прашања во врска со овој настан, контактирајте ја Mónica Martí García Monica.MARTI-GARCIA@EJTN.EU