„Развој на пробацијата и создавање на мрежа на чинители во поддршка на истото“

Денес (среда 11.12.2019 година) започна реализацијата на серијата еднодневни советувања на тема:  Развој на пробацијата и создавање на мрежа на чинители во поддршка на истото“, кои се во организација на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (IRZ) и со Управата за извршување на санкции.

Советувањата ќе продолжат да се одржуваат на истата тема и на 12 и 13 декември 2019 година во просториите на Академијата, а истите се наменети за судии, јавни обвинители, пробациски службеници, судски и јавнообвинителски соработници, како и за претставници на релевантни институции од апелациони подрачја Штип, Битола, Гостивар и Скопје.

Целта на овие е советувања е да се развие и унапреди системот за пробација преку размена на искуства со експерти од СР Германија.

На денешното советување германските искуства во однос на темата  ги изложија: д-р Штефан Шере, судија и заменик претседател на Малолетничкиот суд, Готинген, Долна Саксонија, СР Германија и д-р Томас Матуше, претседател на испитен центар, поранешен судија и претседател на локален суд во Хановер Минден, СР Германија.

Реализацијата на овие советувања е дел од активностите предвидени со ИПА 2014 Твининг Проект„Јакнење на казнено – поправниот систем и пробациската служба“ (MK 14 IPA JH 02 18).