Работна средба на Директорот на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска со амбасадорот на Кралството Холандија, Н.Е. Dirk-Jan Kop (Demo)

На 19 декември (четврток) 2019 година во просториите на Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, директорот на Академијата, проф.д-р Наташа Габер Дамјановска одржа работна средба со амбасадорот на Кралството Холандија во Република Северна Македонија, Н.Е. Dirk-Jan Kop.

Реализацијата на средбата е дел од активносите кои Академијата во континуитет ги презема со цел зачувување и продалбочување на успешно воспоставените меѓународни соработки со низа странски поддржувачи на визијата и мисијата на Академијата.

Амбасадата на Кралството Холандија е долгогодишен партнер на Академијата во рамки на чија соработка се реализрани бројни активности. Една од најуспешните е секако реализацијата на МАТРА Проектот кој имаше за цел да ја зголеми видливоста на судската пракса како извор на правото. Позитивен исход беше издавањето на публикација во два дела во која беа содржани пресуди на странски држави преведени на македонски јазик, кои предизвикаа голем интерес кај судиите и јавните обвинители во нашата земја.

Директорот на Академијата, проф.д-р Габер Дамјановска ги изнесе пред амбасадорот на Кралството Холандија позитивните резултати од досегашната соработка и ја побара поддршката на Кралството Холандија со цел унапредување на Програмите за почетна и континуирана обука, како и размена на искуствата помеѓу Академите во двете земји во насока на  поуспешно менаџирање на тековните активности.