ПРОМОЦИЈА на Прирачникот за спроведување намерките за следење на комуникацијата

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со DCAF (Центар за демократска контрола на вооружените сили) организира промоција на Прирачникот за спроведување намерките за следење на комуникацијата.

Програмата на DCAF за реформа на безбедносно – разузнавачките служби во Република Северна Македонија во соработка со Академијата, како еден од проектните партнери, го реализираше проектот ,,Прирачник за спроведување на мерките за следење на комуникациите”.

Целта на проектот е зајакнување на судскиот и јавнообвинителскиот капацитет и експертиза во овластувањето и надзорот над употребата на посебните истражни мерки за собирање информации од страна на безбедносно-разузнавачките служби. Резултат на оваа соработка, по една година, е издавањето Прирачник кој нуди практичен преглед на принципите и постоечките стандарди со кои би се служеле правните професионалци по однос на барањето, овластувањето и надзорот на следењето на комуникациите. Содржините на Прирачникот преку анализа на меѓународните стандарди и судската практика на Европскиот суд за човекови права нудат јасни и практични насоки за судиите и јавните обвинители во спроведувањето на овие мерки, како и за начините на собирање на доказите, притоа водејќи грижа за овластувањата.

Промоцијата ќе се одржи по апелациони подрачја во следните термини:

 

  • 12 февруари 2020 година (среда) во Основен суд Гостивар, за судии и јавни обвинители од апелационо подрачје Гостивар
  • 18 февруари 2020 (вторник) во Апелационен суд Битола, за судии и јавни обвинители од апелационо подрачје Битола
  • 21 февруари 2020 (петок) во Апелационен суд Штип, за судии и јавни обвинители од апелационо подрачје Штип
  • 27 февруари 2020 (четврток) во просториите на Академијата, за судии и јавни обвинители од апелационо подрачје Скопје