Практични упатсва за користење социјални медиуми од страна на судиите:Центална и Источна европа

         Почитувани,

Институтот CEELI од 2000 година ги обучува и поддржува судиите во Централна и Источна Европа. Не е изненадувачки што прашањето за користење на социјалните медиуми од страна на судиите е сé позначајна тема на средбите на судиите што ги организира Институтот и други организации во регионот. Како што употребата на социјални медиуми стана секојдневна појава во животот на луѓето, истражувањето на етичките ограничувања на користењето на социјалните медиуми стана сé погорлива грижа на судиите. Со помош на стручни лица за правосудството, етиката и односите со јавноста, Институтот CEELI изработи сет на Упатства наменети за судии коишто се однесуваат на примерно однесување на судии при користење на социјалните медиуми. Овие Упатства опфаќаат случаи на непримерно однесување на социјалните медиуми кои може да ја загрозат независноста, интегритетот и непристрасноста на судиите, да ја поткопаат довербата на јавноста во судството или да резултираат со дисциплинска постапка против судии. Овој документ е релевантен како за судиите поединци кои се активни на социјалните медиуми, така и за оние кои се одговорни за утврдување на домашните стандарди за однесување на носители на правосудни функции вклучувајќи: членови на правосудни совети, претседатели на судови, членови на здруженија на судии и сите останати членови на правосудството коиштоо регулираат користењето на социјалните медиуми од страна на судиите.

Сетот на упатства изработени од Институтот CEELI можете да го преземете Тука