Отворање на серијата интерактивни практични работилници „Спроведување на мерките за следење на комуникациите“ (Demo)

Денес (22.10.2021 година) во Охрид, Академијата за судии и јавни обвинители во рамките на соработката со ДЦАФ Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор започнаа со реализација на серија интерактивни работнилници„Спроведување на мерките за следење на комуникациите“.

Денешната работилница е наменета за обучувачи кои веќе поминаа една основна обука која беше организирана минатата година. Имено, работниот дел ќе се одвива во два дена, а третиот ден, обучувачите ќе спроведат обука за судиите и јавните обвинители од апелационото подрачје Битола. Со поздравно обраќање до настанот го отвори директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска.

 

 

Работилницата ја водеа обучувачи од Академијата и правни практичари кои учествуваа во создавањето на Прирачникот за спроведување на мерките за следење на комуникациите (достапен на интернет страницата на Академијата). Под водство на искусни меѓународни и локални експерти, во изминатите два дена обучувачите ги подготвуваа материјалите и интерактивните вежби кои беа користени во текот на работилницата.

Серијата работилници се спроведува во рамките на ДЦАФ имплементираната „Програма за реформи во разузнавачкиот и безбедносниот сектор во Република Северна Македонија (2021-2026)“.