Онлајн курс HELP ,,Превенција и борба против трговијата со луѓе’’ (Demo)

            Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ во соработка и со финансиска поддршка на заедничката програма на Европската унија/Советот на Европа ,,Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција-фаза II ”организира онлајн курс HELP на тема ,,Превенција и борба против трговијата со луѓе’’.

            Онлајн HELP курсот ќе започне на 8 март 2021 година (понеделник). Курсот се состои од вкупно 5 глави, а во секоја глава има по неколку модули (под-теми). Притоа, предвидено е курсот да се заврши во рок од пет недели.

            Туторките ќе ги објавуваат материјалите врз основа на распоредот на курсот (на пример еднаш неделно или на секои две недели), за што пријавените учесници редовно ќе бидат известувани. Сите материјали се преведени на македонски јазик и по завршување на курсот, остануваат на располагање.

            По завршувањето на курсот сите пријавени учесници ќе добијат сертификат кој го доделуваат HELP Програмата и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.