Обука за компјутерски криминал, електронски докази и онлајн криминални приноси во рамките на iPROCEED Проектот за таргетирање на криминалните приноси од Интернет во Југоисточна Европа и Турција

iPROCEEDS  – Проект за соработка за компјутерски криминал во рамки на Инструментот за Предпристапни преговори (ИПА), е заеднички проект на Европската унија (ИПА II Акциски план 2014 за меѓународна соработка) и Советот на Европа.

Земји учесници во проектот се: Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Турција и Косово.

Целта на Проектот е да се ​​зајакне капацитетот на властите во регионот на ИПА за пребарување, заплена и конфискација на приходите од компјутерски криминал и спречување на перење пари на Интернет.

 

Индикаторите вклучуваат:

  • Обем на финансиски истраги и гонења поврзани со компјутерски криминал и приноси од криминал преку Интернет
  • Ниво на усогласеност со меѓународните стандарди за компјутерски криминал, перење пари и пребарување, заплена и конфискација на приходите од криминал (Конвенции на Советот на Европа ЕТС 185 https://www.europarl.europa.eu/meetdocs/2014_2019/documents/libe/dv/7_conv_budapest_/7_conv_budapest_en.pdf и ЕТC 198 https://rm.coe.int/168008371f).

На 21-22 октомври и 29-30 октомври 2019 во Охрид, се одржа воведен модул за обука за компјутерски криминал, електронски докази и онлајн криминални приноси кој го организираше Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев, а беше овозможен преку iPROCEEDS Проектот и Совет на Европа.  Обука се реализираше во два дела и е првата обука која ја спроведоа обучувачите кои ја поминаа обуката за обучувачи одржана во арпил 2019 година на истата тема, и е обврска која произлегува од проектните активности.

Имено, брзиот напредок и развој на информатичката технологија ги менува облиците на криминалот во денешно време. Поголем дел од сајбер криминалот пријавен и истржуван од страна на кривичните органи е поврзан со различни видови на измама и други прекршоци насочени кон стекнување на незаконски економски придобивки.  Се генерираат огромни износи на криминални приноси – кои најчесто вклучуваат перење пари на интернет преку користење на новите технологии кои даваат многубројни можности за сигурна парична размена и конвертирање.

Недостатокот од соодветна обука може да претставува голема пречка во процесот во кој судиите и јавните обвинители одговараат на заканите од компјутерски криминал, онлајн приноси и постапувањето со електронските докази на ефективен и ефикасен начин Потребно е клучните фактори во системот за кривична правда да бидат добро подготвени во поглед на вештините и знаењето за успешна примена на соодветните мерки.

Пристапот на Совет на Европа во поглед на заштитата во сајбер просторот се заснова на развојот и имплементацијата на Конвенцијата од Будимпешта за сајбер криминал преку соодветна програма за унапредување на капацитетите на кривичните власти.

Академиите за правосудна обука се оние кои обезбедуваат одржливост на програмите за сајбер криминал, електронски докази и пребарување, запленување и конфискување на онлајн криминални приноси кои пак претставуваат единствениот ефективен начин кој овозможува судиите и јавните обвинители да се стекнат со потребните вештини и знаења.

За таа цел Академијата поддржна од iPROCEEDS и Совет на Европа,  ја организраше оваа воведна обука чиј концепт содржеше правни и практични информации за компјутерски криминал, електорнски докази и онлајн криминални приноси

Обуката ги опфати судиите и јавните обвинители од сите инстанци и беше дел од нивната континуирана едукација.

Обучувачите кои ја спроведат оваа обука се: м-р Катерина Јовановска, началник на одделението за дигитална форензика во МВР, г-а Ана Гоговска Јакимовска и г-а Искра Хаџи Василева, јавни обвинители во Основно јавно обвинителство Скопје, г-а Маја Јованова, Раководител на одделот за ИТ, Управа за финансиско разузнавање, г-а Ленка Давиткова, судија во Основен суд Скопје 1 и г-а Лејла Кадриу, јавен обвинител во Основно јавно обвинителство Тетово.

Обуката од страна на присутните беше оценета како позитивна и предизвика плодна дебата помеѓу учесниците.

На следните линкови можете да ги преземете македонската и англиската верзија на  Општиот водич за протоколите за меѓуагенциска и за меѓународна соработка во истраги што вклучуваат приноси од криминал стекнати преку интернет.

https://rm.coe.int/3156-25-guide-interagency-international-cooperationprotocolmk-mkd/16807be221

https://rm.coe.int/3156-25-guide-interagency-international-cooperationprotocolmk-eng/16807be220