НЕКОИ АКТУЕЛНИ ПРАШАЊА ЗА СТАТУСОТ НА СУДИИТЕ НИЗ ПРИЗМАТА НА ПРАКСАТА НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА (Demo)

Авторски труд на директорот на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, објавен во стручното списание Правен дијалог бр.21, јуни 2020 година,  кое го публикува Институот за човекови права

 

АПСТРАКТ
Во својата пракса, Европскиот суд за човекови права има констатирано значителен број на повреди на правата загарнтирани со Конвенцијата, каде жалители биле лица кои се по својата професионална вокација судии. Овој труд се обидува да ги прикаже случаите каде овие кон-статирани повреди задираат во различни аспекти на статусот на судиите и во суштина влијаат на вршењето на судијската функција. Од системските интервенции кои задираат во судискиот статус, преку повреда на слободата на изразување и на социјалните права, до повреди на дис-циплинската постапка од различни аспекти при одлучување за судиската одговорност, текстот ги нагласува можните состојби кои на еден или друг начин влијаат негативно врз независноста,самостојноста и професионализмот на судството.
Клучни зборови: судии, дисциплинска одговорност, непристрасност, пристап до суд,
слобода на изразување

Целиот текст можете да го преземете на следниот линк:

https://www.ihr.org.mk/storage/app/media/Legal%20Dialogue/%D0%9F%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%BE%D0%B3%2021.pdf