
Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ организира советување на тема: Примена на одредбите од Законот за заштита на личните податоци во јавнообвинителското работење“, кое ќе се одржи на 07 јули 2023 година (петок), во просториите на Академијата, со почеток од 10:00 часот.
Советувањето е наменето за офицерите за заштита на личните податоци од сите обвинителства во РСМ.
Предавачи на советувањето ќе бидат м-р Лилјана Пецова Илиеска од Невладината организација ИМПЕТУС и г-а Слободанка Славковска од Агенцијата за заштита на личните податоци.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето Академија задолжено за реализација на следната е-маил адреса: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.
Агендата согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.