Вкрстено поврзување

на членовите од националното законодавство со членовите и стандардите на меѓународните инструменти за заштита на човековите права

Член 6

Право на правична судска постапка

  1. Секој има право правично и јавно, во разумен рок, пред независен и непристрасен со закон воспоставен суд да бидат разгледани и утврдени неговите граѓански права и обврски или основаноста на какви било кривични обвиненија против него. Пресудата се изрекува јавно, а новинарите и публиката можат да бидат исклучени за време на целата или на дел од постапката во интерес на моралот, јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество, кога тоа го наложуваат интересите на малолетник или заштитата на приватниот живот на страните во спорот, или кога тоа судот го смета за неопходно затоа што во посебни околности публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата.
  2. Секој кој е обвинет за кривично дело се смета за невин сé додека неговата вина не се докаже по законски пат.
  3. Секој обвинет ги има следните минимални права:
    • веднаш, на јазикот што го разбира, да биде детално известен за природата и причините на обвинението подигнато против него;
    • да му се обезбедат време и услови неопходни за подготвување на неговата одбрана;
    • да се брани самиот или со помош на бранител по свој избор, а доколку не располага со средства да плати бранител, да добие бесплатен службен адвокат кога тоа го наложуваат интересите на правдата;
    • самиот да ги сослуша или да бара сослушување на сведоците на обвинението и да бара повикувањето и сослушувањето на сведоците на одбраната да биде под услови што важат и за сведоците на обвинението;
    • да користи бесплатна помош од преведувач, доколку не го разбира или не го зборува јазикот на кој се одвива судењето;
Членови од законот на националното законодавство на кои се применува членот од конвенцијата
  • Устав на Република Северна Македонија
Релевантни случаи