Вкрстено поврзување

на членовите од националното законодавство со членовите и стандардите на меѓународните инструменти за заштита на човековите права

Член 4

Забрана на ропство и принудна работа

  1. Никој не смее да биде држан во ропство или во ропска зависност.
  2. Никој не смее да биде присилен да врши принудна или задолжителна работа.
  3. Во смисла на овој член, за принудна или задолжителна работа нема да се смета:
  • секоја работа која нормално се бара од лицата кои се наоѓаат во затвор под услови предвидени во член 5 од оваа Конвенција или за време на условниот отпуст;
  • секоја служба која има воен карактер или некоја друга служба наместо задолжително служење на воениот рок, кога се работи за лица кои се повикале на приговор на совеста во оние земји во кои тоа е предвидено со закон;
  • секоја служба која се наложува во случај на опасност или несреќа, што го загрозува животот и благосостојбата на заедницата;
  • секоја работа или служба кои се составен дел на вообичаените граѓански обврски;
Членови од законот на националното законодавство на кои се применува членот од конвенцијата
  • Устав на Република Северна Македонија
Релевантни случаи