Вкрстено поврзување

на членовите од националното законодавство со членовите и стандардите на меѓународните инструменти за заштита на човековите права

Член 37

Отфрлање на жалби

  1. Во секој степен од постапката, Судот може да одлучи да отфрли определена жалба од списокот на предмети, доколку околностите овозможуваат да се заклучи
    • дека жалителот ја повлекол жалбата; или
    • дека спорот е решен; или
    • дека, од било која друга причина, чие постоење го утврдува Судот, не е повеќе оправдано да се продолжи со разгледувањето на жалбата. Сепак, Судот продолжува со разгледувањето на жалбата ако тоа го бара почитувањето на правата на човекот загарантирани со Конвенцијата и нејзините протоколи.
  2. Судот може да одлучи повторно да стави во списокот на предмети определена жалба ако оцени дека околностите тоа го оправдуваат.
Членови од законот на националното законодавство на кои се применува членот од конвенцијата
  • Устав на Република Северна Македонија
Релевантни случаи