Вкрстено поврзување

на членовите од националното законодавство со членовите и стандардите на меѓународните инструменти за заштита на човековите права

Член 2

Право на живот

  1. Правото на живот на секој човек е заштитено со закон. Никој не може намерно да биде лишен од живот, освен со извршување на смртна казна, изречена со судска пресуда, со која е прогласен за виновен за кривично дело кое, според законот, се казнува со таква казна.
  2. Се смета дека одредбите на овој член не се повредени доколку смртта настапила како резултат на апсолутно потребна употреба на сила:
  • во одбрана на секој поединец од незаконско насилство;
  • при апсење според закон или спречување на бегство на лице уапсено врз основа на закон;
  • при законско спречување на немир или бунт;
Членови од законот на националното законодавство на кои се применува членот од конвенцијата
  • Устав на Република Северна Македонија
Релевантни случаи