Вкрстено поврзување

на членовите од националното законодавство со членовите и стандардите на меѓународните инструменти за заштита на човековите права

Член 15

Укинување во случај на вонредна состојба

  1. Во случај на војна или некоја друга општа опасност, која го загрозува животот на нацијата, секоја Висока страна договорничка може да презема мерки кои отстапуваат од обврските предвидени со оваа Конвенција, и тоа строго во согласност со барањата што ги наложува ситуацијата и под услов таквите мерки да не бидат во спротивност со другите обврски што произлегуваат од меѓународното право.
  2. Претходната одредба не дозволува какво и да е отстапување од членот 2, освен во случај на смрт настаната како последица на дозволени воени операции, како и од членовите 3, 4 (став 1) и 7.
  3. Секоја Висока страна договорничка, која го користи ова право на отстапување, е должна, за преземените мерки и за причините што го предизвикале нивното преземање, целосно да го информира Генералниот секретар на Советот на Европа. Таа, исто така, е должна да го извести Генералниот секретар на Советот на Европа за датумот кога престанала важноста на таквите мерки и повторно почнала целосната примена на одредбите од Конвенцијата.
Членови од законот на националното законодавство на кои се применува членот од конвенцијата
  • Устав на Република Северна Македонија
Релевантни случаи