УСАИД

УСАИД е американска агенција за меѓународен развој, а нејзината мисија во Северна Македонија е преку своите програми да го помогне спроведувањето на реформите во Северна Македонија со цел нејзино успешно интегрирање во Европската унија.

Клучната цел на УСАИД во Северна Македонија е преку јакнење на институционалните капацитети истите да станат поодговорни кон граѓаните. УСАИД со своите активности во Северна Македонија придонесува за јакнење на владеењето на правото, унапредувањето на независноста, ефикасноста и професионалноста на правосудството. Во таа насока од посебно значење e и соработката со Академијата за судии и јавни обвинители.

https://www.usaid.gov/north-macedonia