Мисијата на ОБСЕ

ОБСЕ е европска организација за безбедност и соработка. Има широк и сеопфатен безбедносен пристап кој ги опфаќа политичко-воените, еколошките и човечките аспекти. Оваа организација има 57 земји членки кои имаат еднаков статутс, а одлуките се носат со консензус на политичка, но не и на правно обврзувачка основа.

Во Северна Македонија Мисијата на ОБСЕ редовно ги посетува локалните заедници и одржува постојана комуникација со политичките претставници, претставниците на граѓанското општество, лидерите на верските заедници и одговорните за спроведување на законите. Таа работи со властите во спроведувањето на интегрирано образование и во градењето на капацитетите на државните службеници во согласност со меѓународните демократски стандарди и принципи. Мисијата, исто така, помага во изборните реформи, ги промовира правата на малцинствата, ги обучува полициските службеници и помага во процесот на судските реформи.

Мисијата на ОБСЕ и Академијата имаат успешна соработка во континуитет. Во рамките на оваа соработка реализирани се, и се реализираат голем број на активности со кои се унапредува ефикасноста на правосудството во Северна Македонија во сите сегменти.

https://www.osce.org/mk/mission-to-skopje