Судови и јавни обвинителства на територијата на РСМ

Соработката со судовите и јавните обвнитиелства на територијата на РСМ е континуирана и плодна и од особено значење за јакнење на интегритето во судството како и за создавање независен правосуден систем во земјата. Во таа смисла, Академијата спроведува континуирана обука која претставува постојано стручно усовршување на теоретските и практичните знаења и вештини заради стручно и ефикасно вршење за судиската и јавнообвинителската функција и истата е задолжителна за постојните судии и јавни обвинители, претседателите на судовите и јавните обвинитлеи на јавните обвинителства. Покрај овој тип на обука, Академијата спроведува и доброволна обука која се однесува на едукација за стручните служби во судството и јавното обвинителство, со цел унапредување на знаењата потребни за квалитетна и стручна техничка поддршка на судиите и јавните обвинители. Покрај потребата од посета на овие обуки, исто така засегнатите субјекти активно учествуват во креирање на програмата за обуки, преку давање предлози во однос на темите кои е потребно да се обработат преку овие обуки.

Понатаму, соработката вклучува и размена на експертиза при спроведување на практична настава на кандидатите во почетна обука, соработка со судиите и јавните обвинители при спроведување на наставата- ментори ,предавачи и сл, спроведување на обуки на судиите во рамките на АСЈО за анализа на објавените судски одлуки кои би биле од значење за воедначување на судската пракса согласно со европските стандарди.

Исто така, постои соработка и во однос на отстапување на просторни капацитети од страна на судовите, по потреба за остварување на симулирани судења при спроведување на практичната настава во Академијата.

Во насока на унапредување на вклученоста на судската практика во наставните планови на Академијата, се забележува и практиката на организирање тркалезни маси со учество на Врховниот суд на РСМ и на апелациските судови за разгледување одделни прашања од кривичната и од граѓанската област, заради изедначување на судската практика во однос на истите. За таа цел, учеството на предавачи од судовите и од обвинителствата од овие повисоки инстанции има големо значење, заради презентација на судската практика и за изработка на квалитетни наставни материјали.

Во смисла на ваквата соработка, постојано се развиваат и унапредуваат специјализираните програми за обука на судовите од повисоките инстанци – тркалезни маси за апелациските судови и Врховниот суд на РСМ, за вишите јавни обвинителства, Јавното обвинителство на РСМ и Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за претседателите на судовите и јавните обвинители на јавните обвинителства, на Вишиот управен суд, Управниот суд, за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, како и за Судско-буџетскиот совет, а дел од овие обуки се реализираат и во соработка со нашите странски партнери и поддржувачи.