Случај Сашо Горгиев против Македонија

Потекло

Суд (петти дел)

Тип на документ

Пресуда (заслуги и праведно задоволство)

Објавено во

Извештаи од пресуди и решенија 2012 година

Наслов

СЛУЧАЈ САШО ГОРГИЕВ против ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Број на апликација

Ниво на важност

Клучни случаи

Застапуван од

ШИЛЕГОВ П.

Испитани држави

Северна Македонија

Датум на пресудата

19/04/2012

Применливост

чл. 2 применлив

Заклучок

  • Прелиминарниот приговор мериторно споен и отфрлен (член 35-1 – Исцрпување на домашните правни лекови) Остаток недопуштен
  • Повреда на член 2 – Право на живот (член 2-1 – Живот) (Суштински аспект) Материјална и нематеријална штета – награда

Одделно мислење

Не

Артикли

  • 2
  • 2-1
  • 35
  • 41

Судска практика во Стразбур

  • А. и други против Турција, бр. 30015/96, §§ 44-45, 27 јули 2004 г.
  • Абдула Јилмаз против Турција, бр. 21899/02, 17 јуни 2008 г
  • Акдениз против Турција, бр. 25165/94, § 88, 31 мај 2005 година
  • Циечонска против Полска, бр. 19776/04, 14 јуни 2011 г
  • Comingersoll S.A. против Португалија [GC], бр. 35382/97, ЕСЧП 2000-IV
  • Фадејева против Русија, бр. 55723/00, § 96, ЕКЧП 2005-IV
  • Фрајдлендер против Франција [GC], бр. 30979/96, § 43, ЕКЧП 2000-VII
  • Илхан против Турција [GC], бр. 22277/93, § 76, ЕКЧП 2000-VII
  • Keenan против Обединетото Кралство, бр. 27229/95, § 90, ЕКЧП 2001-III
  • Крастанов против Бугарија, бр. 50222/99, § 53, 30 септември 2004 година

Клучни зборови

  • (чл. 2) Право на живот
  • (чл. 2-1) Живот
  • (чл. 35) Критериуми за допуштеност
  • (чл. 35-1) Исцрпување на домашните правни лекови
  • (чл. 41) Само задоволство-{општо}

ECLI

ECLI:CE:ECHR:2012:0419JUD004938206

Дата

19/04/2012

Сашо Ѓоргиев против „поранешната југословенска Република Македонија” – 49382/06

Пресуда 19.4.2012 [Секција V]

 

Член 2

Позитивни обврски Член 2-1

Живот

 

Застрелување без смртни последици, на келнер, од страна на полициски службеник на неовластено отсуство: повреда

 

Факти – Апликантот, келнер во кафуле, бил застрелан од непосредна близина од страна на Р.Д., полициски резервист, кој зел неовластено отсуство додека бил на ноќно дежурство. Р.Д. подоцна бил осуден за сериозни дела против безбедноста, откако кривичниот суд утврдил дека тој ненамерно го потегнал чкрапалото, додека бил под дејство на алкохол. Му била дадена условна затворска казна. Во одделна постапка, граѓанскиот суд ја отфрлил постапката за обештетување која апликантот ја повел против државата/Министерството за внатрешни работи , врз основа на тоа што Р.Д: не постапувал во тек на извршување на своите службени должности кога се случил инцидентот.

 

Право – Член 2: Независно од тоа дали постоела намера да биде убиен, апликантот бил жртва на однесување кое, според самата своја природа, го изложило неговиот живот на ризик. Оттука, Членот 2 се применува. Иако, како полициски резервист, Р.Д. бил овластено службено лице, тој во време на пукањето не делувал во рамки на вршењето на своите должности. При определувањето дали Државата сепак може да се смета одговорна за неговото незаконско постапување, Судот морал да ја процени севкупноста на околностите и да ја разгледа природата и околностите на неговото однесување.

 

Инцидентот се случил во тек на работното време на Р.Д., кога тој требало да биде на должност во полициската станица. Иако е неспорно дека тој си заминал од местото на коешто бил распределен, без одобрување и во алкохолизирана состојба, тој бил во униформа и го застрелал апликантот со своето службено оружје. Иако властите објективно не можеле да го предвидат однесувањето на Р.Д., Државата имала должност да воспостави и ригорозно да применува систем на соодветни и делотворни заштитни механизми за да спречи нејзините овластени лица, особено привремено мобилизираните резервисти, да го злоупотребуваат оружјето што им е ставено на располагање во контекст на нивните службени должности. Владата не посочи ниеден таков пропис, но Судот забележа дека член 26 од Законот за внатрешни работи бара од овластените службени лица да ги извршуваат своите должности „во секое време, без разлика дали се на должност или не“,што во пракса значи дека од нив се барало секогаш да го носат своето службено оружје. Владата, исто така, не даде никакви индикации дали била извршена некаква проценка на способноста на Р.Д. да служи во полицијата и да носи оружје, иако тоа требало да биде прашање кое е предмет на особно детална проверка. Во светлина на тие околности, постапките на Р.Д. може да се припишат на туженјата држава.

 

Заклучок: повреда (едногласно).

 

Член 41: EUR 12,000 за непарична штета; EUR 3,390 за парична штета.

 

(Види, исто така Gorovenky and Bugara v. Ukraine, nos. 36146/05 и 42418/05, 12 January 2012, Информативна белешка бр. 148)