Случај Алишиќ против Македонија

Потекло

Суд (Големиот совет)

Тип на документ

Пресуда (заслуги и праведно задоволство)

Објавено во

Извештаи од пресуди и решенија 2014 година

Наслов

СЛУЧАЈ АЛИШИЌ И ДРУГИ против БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ХРВАТСКА, СРБИЈА, СЛОВЕНИЈА И „Поранешната ЈУГОСЛОВЕНСКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“

Број на апликација

Ниво на важност

Клучни случаи

Застапуван од

МУЈЧИН Б.

Испитани држави

Босна и Херцеговина
Хрватска
Северна Македонија
Србија
Словенија

Датум на пресудата

16/07/2014

Применливост

П1-1 применливи

Заклучок

  • Прелиминарните приговори се отфрлени (член 35-3 – Ratione materiae)
  • Повреда на член 1 од Протокол бр. 1 – Заштита на имотот (член 1 став 1 од протокол бр. 1 – мирно уживање во имотот) (Србија)
  • Повреда на член 1 од Протокол бр. 1 – Заштита на имотот (член 1 став 1 од протокол бр. 1 – мирно уживање во имотот) (Словенија)
  • Нема повреда на член 1 од Протокол бр. 1 – Заштита на имотот (член 1 став 1 од Протокол бр. 1 – мирно уживање во имотот) (Босна и Херцеговина) (Хрватска) (Монако)
  • Повреда на член 13 – Право на ефективен правен лек (член 13 – ефективен правен лек) (Србија)
  • Повреда на член 13 – Право на ефективен правен лек (член 13 – ефективен правен лек) (Словенија)
  • Нема повреда на член 13 – Право на ефективен правен лек (член 13 – ефективен правен лек) (Босна и Херцеговина) (Хрватска) (Монако)
  • Повиканата држава да преземе мерки од општ карактер (член 46 – Пилотска пресуда Системски проблем Општи мерки) (Србија)
  • Повиканата држава да преземе мерки од општ карактер (член 46 – Пилотска пресуда Системски проблем Општи мерки) (Словенија)
  • Материјална штета – отфрлено барање
  • Нематеријална штета – награда

Дата

07.01.2010

Одделно мислење

Да

Артикли

13
35
35-3
41
46
П1-1
П1-1-1

Домашно право

  • Уставен акт на Словенија од 1991 година, изменет во 1994 година
  • Закон за сукцесионен фонд на Република Словенија од 1993 година, изменет во 1997 година
  • Стар акт за девизно штедење од 2002 година на Србија
  • Дел 2 од Законот за стари девизни заштеди од 2006 година на Босна и Херцеговина
  • Член 23 од Фондот за сукцесија и вишиот претставник за сукцесија на Република Словенија од 2006 г.

Судска практика во Стразбур

  • А. и Б. против Црна Гора, бр. 37571/05, § 68, 5 март 2013 година
  • Анохин против Русија (одлука), бр. 25867/02, 31 мај 2007 г
  • Бејелер против Италија [GC], бр. 33202/96, § 106, ЕКЧП 2000 година
  • Бојаџан против Ерменија, бр. 38003/04, § 54, 22 март 2011 година
  • Брониовски против Полска [GC], бр. 31443/96, ЕСЧП 2004 г
  • Бурдов против Русија (бр. 2), бр. 33509/04, § 127, ЕКЧП 2009 година
  • Кооператива Агрикола Слобозиа Ханесеи против Молдавија, бр. 39745/02, §§ 17-19, 3 април 2007 г.
  • Е.Г. против Полска (одлука), бр. 50425/99, § 28, ЕКЧП 2008 г
  • Гајдук и други против Украина (одлука), бр. 45526/99, решение од 2 јули 2002 година
  • Хуттен Цзапска против Полска [GC], бр. 35014/97, § 248, ЕКЧП 2006 година

Меѓународен закон

2001 година Резолуција за државно сукцесија во имотните и долгови на Институтот за меѓународно право

Клучни зборови

  • (чл. 13) Право на ефективен правен лек
  • (чл. 13) Ефективен лек
  • (чл. 35) Критериуми за допуштеност
  • (чл. 35-3-а) Ratione materiae
  • (чл. 41) Само задоволство-{општо}
  • (чл. 46) Обврзувачка сила и извршување на пресудите
  • (чл. 46) Општи мерки (пилотска пресуда)
  • (чл. 46) Пресуда на пилот
  • (чл. 46) Системски проблем
  • (П1-1) Заштита на имотот

ECLI

ECLI:CE:ECHR:2014:0716JUD006064208

Дата

16/07/2014

Информативна белешка за судската пракса на Судот бр. 176

јули 2014 година

Aлишиќ и други против Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Словенија и Поранешна Југословенска Република Македонија [ГСC] – 60642/08

Пресуда 16.7.2014 [ГСC]

Член 46

Пилот пресуда

Генерални мерки

Словенија и Србија биле задолжени да преземат мерки за да им овозможат на жалителите и на сите други во позиција како нивната да им бидат вратени „старите“ девизни штедни влогови

Член 1 oд Протокол бр. 1

Член 1, параграф 1 oд Протокол бр. 1

Мирно уживање на сопственоста

Неможност да се добијат „старите“ девизни штедни влогови после распадот на поранешна СФРЈ повреда

Факти – Жалителите се државјани на Босна и Херцеговина. До 1989-90 година, поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија (СФРЈ) ги привлекувала своите граѓани да штедат во странски валути во нејзините банки со високи каматни стапни и државна гаранција во случај на банкрот или „очигледна неликвидност“ на банката. Депонентите исто така имале право да ги подигнат своите заштеди со доспеаната камата во секој момент. Првата жалителка и вториот жалител имале девизни штедни депозити во тогашната Љубљанска банка Сарајево, а третиот жалител во тузланската филијала на Инвестбанка. После реформите од 1989-90 година, Љубљанска банка Сарајево станал филијала на Љубљанска банка Љубљана, кој ги презела нејзините права, имот и обврски. Инвестбанка станала независна банка со седиште во Србија и со филијали, вклучувајќи ја таа во Тузла, во Босна и Херцеговина. Во текот на тој период, конвертибилноста на динарот и многу поволниот курс довеле до масовно повлекување на странски валути од комерцијалните банки што ја навело СФРЈ да преземе итни мерки за ограничување на таквите повлекувања. После распадот на СФРЈ во 1991-92 година, „старите“ девизни депозити останале замрзнати во државите наследнички, кои сепак се согласиле да ги вратат тие депозити на домашните банки. Во Босна и Херцеговина, Уставниот суд испитал бројни жалби на поединци во врска со невраќање на „старите“ девизни депозити во домашните филијали на Љубљанска банка Љубљана и Инвестбанка. Уставниот суд не утврдил одговорност на Босна и Херцеговина или ентитетите и и наредил на државата да им помогне на клиентите на тие филијали да ги добијат нивните депозити од Словенија и Србија. Во рамките на преговорите за Спогодбата за прашања за сукцесија, преговорите за распределбата на гаранциите на СФРЈ за „старите“ девизни депозити биле одржани во 2001 и 2002 година. Затоа што државните наследнички не постигнале договор, во 2002 година Банката за меѓународни порамнувања ги известила дека повеќе нема да учествува во тие преговори. Жалителите се жалеле дека тие не можеле да ги подигнат нивните девизни штедни влогови.

Право – Член 1 од Протокол бр.1: Во својата одлука за допуштеност, Судскиот совет одлучил дека законската гаранција на СФРЈ во поглед на „старите“ девизни депозити во Љубљанска банка Љубљана и Инвестбанка не биле активирани до распадот на СФРЈ и затоа одговорноста не преминала од тие банки на СФРЈ пред нејзиниот распад. Големиот судски совет го потврдил заклучокот на Судскиот совет во тој поглед. Понатаму, Големиот судски совет нагласил дека двете банки останале одговорни за „старите“ девизни депозити во нивните филијали во Босна и Херцеговина после распадот на СФРЈ. Судот потоа испитал дали Словенија и Србија биле одговорни за тоа што тие банки не ги вратиле нивните долгови кон граѓаните.

Словенечката Влада ја национализирала Љубљанска банка Љубљана и пренесла поголем ден од своите средства на новата банка, додека истовремено потврдила дека старата Љубљанска банка и натаму била одговорна за „старите“ девизни депозити во нејзините филијали во другите држави наследнички. Словенија станала единствен акционер во старата Љубљанска банка, со која управувала државна агенција. Покрај тоа, Словенија во голем обем била одговорна за тоа што банката не можела да ги врати своите долгови (затоа што ги пренесла најголем дел од нејзините средства врз друга банка) и имало докази во списите дека повеќето финансиски средства од сараевската филијала на Љубљанска банка Љубљана завршиле во Словенија. Затоа таа била одговорна за долгот на Љубљанска банка Љубљана кон првата жалителка и вториот жалител.

Што се однесува на Ивестбанка, таа била во државна сопственост на Србија и под контрола на српска државна агенција. Понатаму, во определен момент банката била задожена да отпише значителни побарувања кон претпријатија во државна и општествена сопственост на своја и на штета на чинителите. Така, Србија располагала со средствата на Ивестбанка онака како што и одговорало, поради што Судот заклучил дека имало доволно основи за Србија да се смета за одговорна за долгот на Инвестбанка кон третиот жалител.

Што се однесува на наводите дека жалителите не можеле слободно да располагаат со нивните „стари“ девизни депозити уште од 1991-92 година, објаснувањето на српската и словенечката Влада за тоа одолговлекување во суштина се однесувало на обврската за тоа прашање да се преговора во добра вера со другите држави наследнички, согласно меѓународното право. Сепак, обврската да водат преговори не ги спречувала државите наследнички да воведат мерки за заштита на интересите на штедачите. Хрватската Влада исплатила голем дел од „старите“ девизни депозити на граѓаните во филијалата во Загреб на Љубљанска банка Љубљана, а македонската Влада го исплатила целиот износ на „стари“ девизни депозити во скопската филијала на таа банка. Во исто време, тие две Влади никогаш не отстапиле од ставот дека словенечката Влада на крај треба да смета за одговорна и продолжиле да бараат компензација на меѓудржавно ниво во преговорите за сукцесија. Понатаму, словенечката и српската Влада инсистирале во текот на преговорите за сукцесија дека одговорноста за долгови на банките во Босна и Херцеговина треба да се одлучи по територијален принцип. Судот не се согласил, потсетувајќи на принципот на правичен сразмер која требало да се применува согласно меѓународното право за сукцесија на држави.

Иако определено оддолжување во исплатата на горенаведените долгови можело да се оправда во исклучителни околности, и покрај широкот обем на слободна оцена на тужените држави во оваа област, тоа што жалителите не можеле слободно да располагаат со своите штедни влогови во период од над дваесет години било непропорционално и затоа и спротивно на член 1 од Протокол бр.1.

Судот нагласил дека горенаведените заклучоци не значеле дека ниту една држава нема никогаш да може да санира пропадната банка без да понесе директна одговорност за долгот на таа банка согласно член 1 од Протокол бр. 1. Со оглед на контекстот, ситуацијата во овој случај била уникатна и различна од други случаи во врска со санација на несолвентна банка во приватна сопственост.

Заклучоци: повреда од страна на Словенија во поглед на првата жалителка и вториот жалител (едногласно); повреда од страна на Србија во поглед на третиот жалител (едногласно); нема повреда во поглед на останатите тужени држави (петнаесет гласа за и два против).

Судот исто така, едногласно, одлучил дека има повреда на член 13 од Конвенцијата од страна на Словенија во поглед на првите двајца жалители, и од страна на Србија во поглед на третиот жалител.

Член 46: Имало над 1,850 слични жалби, веќе поднесени од повеќе од 8,000 жалители пред Судот и илјадници потенцијални жалители. Од таа причина, било соодветно да се примени постапката за пилот пресуда во случајот на жалителите. Со оглед на утврдениот системски проблем, Судот сметал дека биле потребни генерални мерки на домашно ниво за извршување на оваа пресуда. Поконкретно, во рок од една година и под надзор на Комитетот на министри, Словенија и Србија мора да преземат неопходни мерки, вклучително и законски измени, со цел да овозможат на жалителите и други лица во позиција како нивната да им бидат исплатени „старите“ девизни депозити под исти услови како и нивните државјани кои имале такви депозити во домашните филијали на словенечките и српските банки. Иако немало потреба да се посочи на сите засегнати лице треба да им се обезбеди обештетување за претрепната штета како последица на неможноста слободно да располагаат со нивните штедни влогови повеќе од 20 години, Судот посочил дека може да го преиспита тоа прашање доколку некоја од тужените држави не ги примени генералните мерки наведени погоре. На крај, Судот одлучил да го одложи одлучувањето по слични предмети против Србија и Словенија во рок од една година.

Член 41: 4,000 ЕУР за секој од тројцата жалители во поглед на нематеријална штета.