
Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев” во соработка со Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (INL) при Амбасадата на САД во Скопје организира тркалезна маса за новиот Закон за вештачење- новини и очекувања во кривичната постапка, кој ќе одржи во хотел „Александар Палас“ во Скопје, на 20 септември 2023 година, со почеток во 10:00 часот. На истиот е предвидено учество на судии од кривични оддели, јавни обвинители, адвокати, претставници од Универзитетската клиника за психијатрија, Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија и Министерството за правда.
Целта на тркалезната маса е промоција на новините во Законот за извршување, споделување на очекувањата од истиот, особено во делот на времетраење и квалитет. Исто така, овој настан претставува можност новиот Закон споредбено да се разгледува со Законот за кривичната постапка, да се укаже на проблемите со кои се соочуваат практичарите и можните пропусти во примената.
Со воведни зборови на присутните ќе им се обратат: проф. д-р Наташа Габер Дамјановска, директорка на Академијата за судии и јавни обвинители и г-а Вирџинија Елиот, директорка на ИНЛ, Амбасада на САД во Скопје.
За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето од Академијата задолжено за организација на траклезната маса на следната е-маил адреса: Sonja.Mojsovska@jpacademy.gov.mk или на тел. 02/2401-568.
Агендата согласно која ќе се одвива настанот ќе можете да ја преземете на следниот линк.