СООПШТЕНИЕ ЗА ОДРЖАНИОТ ИНЦИЈАЛЕН СОСТАНОК ЗА СОЗДАВАЊЕ НА АЛУМНИ АСОЦИЈАЦИЈА ВО РАМКИ НА АКАДЕМИЈАТА ЗА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ

6 (1)

На иницијатива на заменикот на директорот на Академијата, судија м-р Илир Исени, денес (27 август 2024 година) се одржа иницијален состанок со претставници од сите генерации кои ја завршиле почетната обука во АСЈО со цел да се разговара за можноста која ја нуди членот 61 од Статутот на АСЈО од 14 август 2023  година.

 

Имено, согласно овој член предвидено е дека Академијата формира алумни асоцијација, во која членуваат сите кандидати што успешно ја завршиле почетната обука во Академијата. Целта на оваа асоцијација е постојана меѓусебна соработка на нејзините членови, и тоа преку одржување средби на кои ќе се разменуваат искуства и ќе се дискутира на различни теми од областа на правосудството, како и следење на професионалниот развој и кариерата на кандидатите од страна на Академијата, истовремено излегувајќи во пресрет на потребите на нејзините членови и обезбедување соработка со алумни асоцијации на други држави.  Додека, начинот на работа и одлучување на Алумни асоцијацијата, поблиску се уредува со нејзиниот Деловникот за работа.

Заменикот на директорот на АСЈО, судија м-р Исени ги извести присутните дека изборот на присутните за овој иницијален состанок е извршен врз основа на нивно претходно искуство во невладини организации и слични асоцијации (Управен одбор на Здружение на Судиите на РСМ, Судско-Медиумскиот Совет при Здружение на Судиите на РСМ, итн.), и кои би можеле да го создадат првичниот концепт и да ја отсликаат идејата за тоа како треба да изгледа ова тело и на кој начин ќе функционира истото. При изборот на присутните се земени предвид функцијата која ја вршат (судија и/или јавен обвинител), покриеноста на различните апелациони подрачја, родовата еднаквост.

 

Во своето обраќање до присутните тој истакна дека за жал оваа можност е пропуштена во Законот за АСЈО, но за среќа постои во Статутот на АСЈО.  „Идејата за создавање на алумни асоцијација или алумни клуб, за мене не е нова, туку, беше потребно време да созрее и да се претвори во реалност.“ – додаде судија м-р Исени. Во своите обиди да дојде до реализација на оваа идеја судија м-р Исени направил низа истражувања за постоењето на алумни асоцијации во рамките на правосудните институции за спроведување на професионална обука во Регионот, но, таков податок не нашол. Освен во Република Србија, каде алумни асоцијацијата е всушност невладина организација, па оттука, не може да се влечат паралели со идејата за формирањето на алумни асоцијаца во рамки на АСЈО.

Присутните ја поздравија и подржаа иницијативата на заменикот на директорот судија м-р Исени,  покажувајќи голем оптимизам, волја и широки познавања за поставувањето на основите на оваа асоцијација, па предложија заклучокот од овој иницијален состанок да биде адресиран до Управниот одбор на Академијата, со цел да се донесе формално-правна одлука за формирањето на ова телот во рамките на АСЈО, за да потоа се продолжи со одржување на состаноци во кои ќе се зборува за конкретни активности и чекори кои ќе треба да бидат преземени.

 

Заменик директорот на Академијата, судија -р Исени, уште еднаш ја даде целосната поддршка во формирањето на ова тело и изрази надеж дека нејзиното формирање ќе биде завршено до 18-годишнината на АСЈО која ќе биде одбележена кон крајот на ноември 2024 година, каде ќе биде промовирана и Алумни асоцијацијата.