
Академијата за судии и јавни обвинители на 09 ноември 2022 година ќе биде домаќин на правосудна делегација од Узбекистан која е во дводневна посета на Северна Македонија. Реализацијата на посетата е дел од успешно воспоставената соработката помеѓу Академијата, Мисијата на ОБСЕ и ОДИХР во Скопје.
Делегацијата ќе биде пречекана во просториите на Мисијата на ОБСЕ каде што ќе им се обратат претставници од Мисијата на ОБСЕ, а со оглед на тоа дека темата е жените во правдата, по однос на истата свои излагања ќе имаат странски експерти од ОДХИР.
Со поздравен говор ќе им се обратат: г. Алесио Ѕукарини, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Илдар Фајзулин, Проект координантор во Узбекистан, Мисија на ОБСЕ во Скопје и судија Илир Исени, заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители на Северна Македонија.
Работата на Академијата, нејзината структура и организација и нејзината улога во првосудниот систем на Република Северна Македонија ќе ја презентира директорката на Академијата, проф. д-р Наташа Габер Дамјановска која на 09 ноември официјално ќе ја пречека делегацијата од Узбекистан.
Согласно агендата предвидено е делегацијата да оствари посета и на Судскиот совет на РСМ како и на Врховниот суд на РСМ каде во фокус на темата ќе се најде родовата рамноправност и активности кои се прават на ова поле во насока на промоција и подигање на свеста за ова прашање