СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ СУДИИ ПОРОТНИЦИ

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 4 од Законот за судовите (,,Службен весник на РСМ’’ број: 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и 96/2019) организира специјализирана обука за новоизбрани судии поротници од Апелационен суд Скопје, Основен суд Гевгелија, Основен кривичен суд Скопје и Основен суд Велес, која ќе се одржи на 25 и 26 септември 2024 година (среда и четврток) во просториите на Академијата (Ламела 3), со почеток во 10:00 часот.

Обуката од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе добијат потврда за завршена обука.

На обуката свои излагања ќе имаат г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Лидија Мартинова, судија во пензија во Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Љубица Колиќ, судија во Основен граѓански суд Скопје и г-а Зуица Наумова, судија во пензија во Апелационен суд Скопје.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на обуката се следните:

  • Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
  • Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
  • Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
  • Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
  • Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка

         АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива обуката можете да ја преземете тука.

РАБОТНИ МАТЕРИЈАЛИ:

1.Презентазија 1

2.Презентазија 2

3.Презентазија 3

4.Презентазија 4

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за обука од Академијата на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.