СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ СУДИИ ПОРОТНИЦИ

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 4 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број: 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и 96/2019) организира специјализирана обука за новоизбрани судии поротници од апелационо подрачје Скопје, која ќе се одржи на 04 и 05 апеил 2024 година (четврток и петок) во просториите на Академијата (Ламела 3), со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе добијат потврда за завршена обука.

На обуката свои излагања ќе имаат г-а Лидија Мартинова, судија во пензија во Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Зуица Наумова, судија во пензија во Апелационен суд Скопје, г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховен суд на Република Северна Македонија и г-а Љубица Колиќ, судија во Основен граѓански суд Скопје,

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
  • Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
  • Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
  • Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
  • Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка

 

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИ МАТЕРИЈАЛИ :

1.Презентација 1

2.Презентација 2

3.Презентација 3

4.Презентација 4

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за обука од Академијата на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.