СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ОБУКА ЗА НОВОИЗБРАНИТЕ СУДИИ ПОРОТНИЦИ

logo_asjo_news_mk

Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев согласно член 42 став 4 од Законот за судовите (,,Службен весник на РМ’’ број: 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018, 198/2018 и 96/2019) организира специјализирана обука за новоизбрани судии поротници од апелационо подрачје Скопје, која ќе се одржи на 26 и 27 декември 2023 година (вторник и среда) во просториите на Академијата (Ламела 3), со почеток во 10:00 часот.

Советувањето е од задолжителен карактер и по спроведената обука судиите поротници ќе добијат потврда за завршена обука.

На обуката свои излагања ќе имаат г-а Лидија Таневска Јадровска, самостоен судски советник во Врховен суд на Република Северна Македонија, г-а Љубица Колиќ, судија на Основен граѓански суд Скопје, г-а Лидија Мартинова, судија на Врховен суд на Република Северна Македонија и г-а Зуица Наумова, судија во пензија во Апелационен суд Скопје.

Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на советувањето се следните:

  • Модул 1 – „Општи познавања од областа на материјално граѓанско право“
  • Модул 2 – „Имплементација на Законот за парнична постапкa
  • Модул 3 – „Судир на интереси / Антикорупциски мерки / Етика и етички кодекс и Организација и надлежност на судовите“
  • Модул 4 – „Општи познавања од областа на материјално казнено право / казнена политика“
  • Модул 5 –„Имплементација на Законот за кривична постапка

АГЕНДАТА согласно која ќе се одвива советувањето можете да ја преземете тука.

 

РАБОТНИТЕ МАТЕРИЈАЛИ кои ќе бидат користени на советувањето можете да ги преземете  тука.

За дополнителни информации Ве молиме да го контактирате лицето задолжено за обука од Академијата на следната е-маил адресата: Ivana.Milanovik@jpacademy.gov.mk.

1.Презентрација 1

2.Презентрација 2

3.Презентрација 3

4.Презентрација 4

5.Презентрација 5